Експлозија од добар вкус – Посна салата која ќе ја јадете и кога не се посни денови

Експлозија од добар вкус – Посна салата која ќе ја јадете и кога не се посни денови

Вкусна посна салата која ќе ја јадете и кога не се посни денови и пост.

Состојки:

  • 300 гр. грашок
  • 1 компир
  • 4 моркови
  • 4 кисели краставички
  • 1 конзерва сардина
  • 300 гр. посен мајонез

Подготовка:

  1. Се вари грашокот, а компирот и морковот се лупат и сечат ситно, па се варат во друга шерпа.
  2. Се цеди и меша зеленчукот.
  3. Се сечат ситно краставичките и се дробат сардините.
  4. Се додава се во чинијата со зеленчук и се става мајонез и се меша.
  5. Се става сол по вкус и се лади.

Добар апетит!