Посен ролат од неколку евтини состојки – Ќе го јадете цел ден

Посен ролат од неколку евтини состојки – Ќе го јадете цел ден

Малку состојки и труд за највкусен посен ролат.

Состојки:

  • 100 гр. спанаќ
  • 400 гр. компир
  • 2 моркови
  • 100 гр. шампињони
  • 100 гр. ориз
  • магдонос

 

Подготовка:

  1. Се мие спанаќот, се лупи компирот и се обаруваат.
  2. Се цедат и пасираат како за пире.
  3. Се ставаат на провидна фолија, па се тегне кора со оклагија.
  4. Нека се стегне, а направете фил од лупени и сечени варени моркови со обарени сечени шампињони и варен ориз.
  5. Се меша и филува на кората.
  6. Се прави ролат со фолијата, се стега и служи.

Добар апетит!

singlepost_text