Домаќинска пита од овошје: Сочна, слатка и фантастична

Домаќинска пита од овошје: Сочна, слатка и фантастична

Одлично оди со првото утринско кафе…

Состојки:

  • 4-5 јајца
  • 200 гр маргарин
  • 100-200 гр шеќер во прав
  • 1 прашок за печиво
  • кора од лимон
  • 1 ванилин шеќер
  • 400 гр брашно
  • 1 мала шолја млеко
  • 600 гр рендани јаболка
  • шеќер за јаболката по желба
  • 100 гр мелени ореви
  • 200 гр смрзнати малини
  • малку цимет

Начин на подготовка:

  1. Сѐ добро измешајте. Јаболката изрендајте ги па зашеќерете ги по желба, додајте малку цимет и мелени ореви. 
  2. Намастениот плех посипете го со шеќер. Ставете половина од тестото па на него половина од малините па рендани јаболка, па повторно малини и остатокот од тестото. Печете на 200 степени околу 40-50 минути. Сечете кога ќе се излади.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

singlepost_text