Домашен сок од коприви: Ја зајакнува и ја чисти крвта и ја враќа силата на телото

Домашен сок од коприви: Ја зајакнува и ја чисти крвта и ја враќа силата на телото

Рецепт за домашен сируп од коприви…

Состојки:

  • 1 л зовриена вода
  • 400 гр свежи млади листови од коприва
  • 7 лимони
  • 800 гр кафеав шеќер
  • 5 лажици ливадски мед

Начин на подготовка:

  1. Листовите коприва добро измијте ги. Во сад ставете вода и 5 лимони кои претходно сте ги исекле. Поклопете го садот и оставете да отстои 24 часа. Следниот ден добро изгмечете ги сите состојки, па процедете. Додајте шеќер и свежо исцеден сок од останатите 2 лимон. 
  2. Загрејте ја смесата до вриење и оставете 5 минути да врие, со непрекинато мешање. Ако забележите пена, отстранете ја од површината. Медот ставете го на крај кога смесата ќе се излади. 
  3. Смесата чувајте ја во тегла на ладно и темно место.

Напомена: Природните рецепти не се замена за традиционалната медицина, ниту за лекарствата препишани од доктор. Природните рецепти служат само како додатоци во исхраната и превенција. Не ги употребувајте доколку сте преосетливи на некоја од природните намирници.

singlepost_text