Плескавици од стар леб: Брзо, едноставно, феноменално (Видео)

Плескавици од стар леб: Брзо, едноставно, феноменално (Видео)

Доручек или вечера на брзина!

Состојки (за 5 плескавици):

  • 3 парчиња леб
  • 1 чешне лук
  • 1 лажичка црн ким
  • 1 лажица солено сирење
  • 3 јајца
  • 3 лажици слатка павлака или млеко
  • чили по желба

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте го лебот на мали парчиња, иситнете лук па додајте во лебот. 
  2. Додајте ким, сирење, разматени јајца, слатка павлака или млеко и чили. Сѐ добро измешајте. 
  3. Загрејте масло на тава па со лажица вадете од смесата и ставајте на врело масло. Пржете ги од двете страни додека не добијат боја.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бригита“: