Запечен зеленчук со сирење и тестенини

Запечен зеленчук со сирење и тестенини

Едноставно и вкусно јадење без месо…

Состојки:

  • 1 домат
  • 6 брокули
  • 2 лажици маслиново масло
  • 3 лажици путер
  • 3 лажици бело брашно
  • 4 мали шолји топло млеко
  • 1/3 шолја рендано сирење
  • 2 лажици сенф
  • 1/2 лажичка сол
  • 2 лажички црн бибер
  • 2 мали шолји тестенини по желба

Начин н подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 200 степени. Исечкајте домати на парчиња и ставете ги заедно со брокулата во тава на малку масло и пропржете. 
  2. Разматете путер и брашно во тенџере со средна големина и ставете на оган додека не стане пенливо. Додајте млеко. Мешајте додека не згусне, околу 3 минути. 
  3. Тргнете од оган. Во таа смеса додајте сирење, сенф, сол, бибер. Измешајте до половина зготвени тестенини и брокула и ставете во длабок огноотпорен сад. На врвот ставете домати и печете околу 30 минути.

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

singlepost_text