Посни мафини без масло: Совршени колачи за секој ден

Посни мафини без масло: Совршени колачи за секој ден

Одличен рецепт за деновите на пост…

Состојки:

  • 150 гр брашно
  • 150 гр мелени овесни снегулки
  • 300 мл вода
  • 3 лажици гриз
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 1/2 кесичка сода бикарбона
  • 50 гр какао
  • 50 гр шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • цимет
  • 2 изрендани јаболка
  • 2 изгмечени банани
  • кора од портокал или лимон
  • суво грозје
  • мелени ореви

Начин на подготовка:

  1. Измешајте ги прво сите суви состојки па додајте ги влажните, а водата постепено. 
  2. Добро изедначете ја смесата и ставете во калап за мафини во кој претходно сте ставиле хартиени корпички. 
  3. Загрејте ја рерната на 220 степени па печете ги мафините 15-20 минути. 
  4. Посипете ги со шеќер во прав или украсете ги со сечкани бадеми.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта