Пилешко во сечуан сос: Пикантно, вкусно и спремно за 10 минути

Пилешко во сечуан сос: Пикантно, вкусно и спремно за 10 минути

Доколку сте љубители на кинеската кујна, ова ќе биде идеален рецепт за вас.

Состојки:

  • 4 парчиња пилешки гради (без кожа и коски), сечкани на коцки
  • 3 лажици пченкарен скроб
  • 1 лажица билна маст/масло
  • 4 чешниња изрендан лук
  • 5 лажици соја со
  • 1,5 лажица оцет
  • 1/4 шолја вода
  • 1 лажичка шеќер
  • 3 парчиња млад кромид, дијагонално исечкани
  • бибер
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Ставете го пилешкото и пченкарниот скроб во некоја кесичка или сад и мешајте за пилешкото да се прекрие со пченкарен скроб. Загрејте масло во длабока тава на умерен оган. 
  2. Пропржете ги коцките пилешко со лук, и мешајте додека не стане светло-браун. Полека во тоа додајте соја сос, оцет, шеќер и вода и мешајте. 
  3. Прекријте со капак и гответе 3-5 минути. На крај додајте млад кромид и бибер и гответе без капак уште 2 минути. Послужете преку зготвен ориз.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта