Пилешки џигер со зеленчук

Пилешки џигер со зеленчук

Подгответе вкусен пилешки џигер со зеленчкук.

Состојки:

  • 500 гр пилешки џигери
  • 1 главица кромид
  • 2-3 чешниња лук
  • 2 домати со средна големина
  • зелена салата по потреба
  • сол
  • бибер
  • зачин
  • оригано
  • маслиново масло
  • мајонез по желба

Начин на подготовка:

  1. Џигерите исечкајте ги, зачинете ги и оставете ги да отстојат на собна температура околу 15 минути. Пропржете ситно сечкан кромид и лук, додајте џигери и малку вода и динстајте 20 минути. 
  2. Исечкајте зелена салата и домати (можете да додадете зеленчук по желба), малку посолете, додајте маслиново масло и добро измешајте. Кога пилешките џигери ќе се изладат, соединете со зеленчукот, додајте мајонез преку и послужете.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

singlepost_text