Најбрзиот посен десерт: Кремаст колач во кој гарантирано ќе уживате

Најбрзиот посен десерт: Кремаст колач во кој гарантирано ќе уживате

Нема побрз и поедноставен колач…

Состојки:

  • 2 кесички посен шлаг
  • 250 мл сок или вода
  • 50 гр кикирики
  • 30 гр ореви
  • 30 гр лешници
  • 200 гр посни бисквити
  • 2 лажици шеќер
  • 200 гр чоколадо за готвење
  • посен маргарин/масло

Начин на подготовка:

  1. Крупно сомелете кикирики, ореви и лешници. 
  2. Разматете шлаг и шеќер со сок или вода. Додајте лешници, ореви и кикирики и измешајте. 
  3. Сомелете ги или искршете ги бисквитите и додајте ги во смесата, па измешајте. 
  4. Обложете калап со фолија па ставете ја целата смеса во него, израмнете па на врвот наредете бисквити кои малку сте ги натопиле во сок. 
  5. Ставете го колачот во замрзнувач на еден час. Направете глазура од чоколадо и маргарин или масло па прелијте преку превртениот колач.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Саби“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт