Повкусна од бурек: Брза гибаница со мелено месо

Повкусна од бурек: Брза гибаница со мелено месо

Направете вкусна гибаница со мелено месо.

Состојки:

  • 500 гр. кори за пита
  • 500 гр. мелено месо
  • 5 јајца
  • 1 лажица презла
  • 1 главица кромид
  • 0,5 дл. масло
  • сусам, сол и бибер

Подготовка:

  1. Се ситни кромидот, се двојат белки од жолчките.
  2. Се мати снег од белки со сол.
  3. Во сад се става месо со кромид и жолчки, па презла и зачини.
  4. Се става и смесата од белки.
  5. Се делат корите на два дела и се прска првата со масло, се става втора кора, се премачкува фил и се става трета кора.
  6. Се прави така со сите.
  7. Се мачка плех со масло, се ставаат ролати, се засекуваат на парчиња и се премачкува се со јајца и сусам.
  8. Се пече на 200 степени додека не порумени.

Добар апетит!