Ручек за петка: Шпанска тортиља од рерна

Ручек за петка: Шпанска тортиља од рерна

Многу вкусно јадење од компири…

Состојки:

  • 6 компири (околу 1 кг)
  • 6 јајца
  • 1 главица кромид
  • 1 црвена пиперка
  • 50 гр грашок
  • 3 чешниња лук
  • сол
  • бибер
  • масло

Состојки за прилог:

  • краставички
  • зелени маслинки
  • феферони
  • ајвар
  • сирење
  • домати

Начин на подготовка:

  1. Исчистете ги компирите и кромидот. Компирите исечкајте ги на кругови, а кромидот ситно исечкајте го. Измешајте и пржете 10 минути на средно силен оган во длабоко масло, со повремено мешање. Потоа компирите и кромидот извадете ги и ставете ги во цедилка да се исцедат од вишокот маснотии. 
  2. Во чинија разматете јајца зачинети со сол и бибер. Додајте ситно сечкан лук, грашок и пиперка исечкана на коцки. Сѐ добро измешајте. 
  3. Обложете тепсија со хартија за печење, па по неа распоредете компири и кромид, па прелијте со смесата од јајца. Сѐ лесно измешајте и печете половина час на 190 степени. 
  4. Шпанската тортиља сервирајте ја со краставички, маслинки, феферони, пршута по желба.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт