Деликатес за постот: Риба во сос

Деликатес за постот: Риба во сос

Направете вкусен ручек за постот.

Состојки:

  • 1 кг. ослич
  • сол, брашно и масло
  • 2 лимони
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 чешне лук
  • 3 лажички сечен магдонос

Подготовка:

  1. Се чисти и сече рибата на делови и се става сол.
  2. Се валка секое парче во брашно и се пржи на врело масло.
  3. Се става на салфета да впие маснотија.
  4. Се прави прелив со сечен лук и магдонос, сол, лимонов сок и масло и се става врз рибата на чинија.

singlepost_text