Посен ручек: Леќа со печурки

Посен ручек: Леќа со печурки

Вкусно посно јадење…

Состојки:

  • 250 гр леќа
  • 200 гр печурки
  • 2 лажички сенф
  • 2 чешниња лук
  • масло
  • сол
  • бибер
  • листови магдонос

Начин на подготовка:

  1. Леќата потопете ја и оставете ја да отстои преку ноќ, па наредниот ден згответе ја, процедете, налијте со топла вода и згответе. 
  2. Печурките исечкајте ги и пропржете ги на силен оган, на масло, со исечкан лук, па посолете и побиберете. Пропржените печурки ставете ги во леќата, додајте сенф и на крај посипете со ситно сечкан магдонос.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо