Кох со лешници: Идеален спој од сочно и крцкаво во еден колач (Видео)

Кох со лешници: Идеален спој од сочно и крцкаво во еден колач (Видео)

Идеален спој од сочно и крцкаво во еден колач…

Состојки:

  • 5 јајца
  • 4-5 лажици шеќер
  • 100 гр гриз
  • 100 гр лешници (оставете малку сечкани)
  • 100 гр суво грозје
  • 1 л млеко
  • 1 ванилин шеќер

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца со шеќер, додајте гриз, мелени лешници, суво грозје и сѐ добро измешајте. Плехот намастете го и побрашнете го. Ставете ја смесата во плех и печете околу 15 минути. 
  2. Додека колачот се пече, згответе го млекото, додајте шеќер по желба, додајте ванилин шеќер, па печениот колач прелијте го со млеко убаво да впие.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“: