Чоколаден бисквит со ѓумбир

Чоколаден бисквит со ѓумбир

Подгответе неодолив чоколаден бисквит со ѓумбир.

Состојки:

  • 100 гр путер
  • 1 јајце
  • 200 гр брашно
  • прашок за печиво
  • 100 гр шеќер
  • ѓумбир
  • цимет
  • 50 гр чоколадо
  • 2 лажици кафе

Начин на подготовка:

  1. Во длабок сад измешајте јајце, растопен путер, шеќер, изрендан ѓумбир, брашно, прашок за печиво. Состојките матете ги додека не добиете глатка смеса. Поделете ја смесата на три дела. 
  2. Во првиот дел ставете ситно сечкано чоколадо, во вториот цимет, а во третиот кафе. 
  3. Деловите потоа мешајќи соединете ги додека не добиете компактна смеса, а потоа оставете во фрижидер 15-20 минути. Потоа од тестото правете топчиња и редете ги во плех обложен со хартија за печење. Печете ги десетина минути во рерна загреана на 180 степени. Послужете ги изладени со кафе или млеко.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text