Запечен ослич со домати

Запечен ослич со домати

Вкусна риба за совршен ручек…

Состојки:

  • 2 риби ослич со средна големина
  • 6-8 шери домати
  • 1 млад кромид
  • 1/2 лимон
  • 1,5 дл бело вино
  • маслиново масло
  • 1 лажица презла
  • рендан пармезан
  • рузмарин
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Исчистете ги рибите и отстранете им ги главите. Посолете и побиберете па ставете во сад за печење, од околу наредете шери домати, гранчиња рузмарин, лимон исечкан на кругови и кромид исечкан на кругови (и белиот и зелениот дел). 
  2. Прелијте со маслиново масло и бело вино и печете под фолија околу половина час. Тргнете ја фолијата и посипете ја рибата со мешавина од презла и пармезан и оставете заедно да се запече. 
  3. Рибата сервирајте ја со зелена салата во која ќе додадете млад кромид. Зачинете со маслиново масло.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text