Мини тулумби со гриз: Без готвење на смесата, уште подобар вкус (Видео)

Мини тулумби со гриз: Без готвење на смесата, уште подобар вкус (Видео)

Омилениот десерт на многумина…

Состојки:

  • 360 гр брашно
  • 140 гр гриз
  • 2 белки
  • 1 ванилин шеќер
  • 2 чаши цврст јогурт (360 гр)
  • екстракт од ванила
  • 100 мл масло
  • 1 прашок за печиво

Состојки за сируп:

  • 800 гр шеќер
  • 500 мл вода
  • 1 лимон
  • 1 ванилин шеќер

Начин на подготовка:

  1. Најдобро е сирупот да го подготвите ден претходно, ако не стигнете можете и истиот ден. Зовријте вода и шеќер и откако ќе зоврие додајте лимон и ванилин шеќер па гответе уште 10 минути. 
  2. Во сад ставете јогурт, белки, масло, ванилин шеќер и екстракт од ванила па измешајте. 
  3. Додајте гриз па измешајте и потоа брашно и прашок за печиво. Ставете го тестото во шприц па ставајте во врело масло. 
  4. Пржете ги тулумбите додека не добијат боја, па вадете ги со лажица со дупчиња и ставајте ги во сирупот. 
  5. Кога ќе впијат извадете ги во сад и прелијте ги со остатокот од сирупот.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Саби“: