Полна тепсија кифлички – готови за 30 минути

Полна тепсија кифлички – готови за 30 минути

Направете брзи кифлички за 30 минути.

Состојки:

  • 30 гр. квасец
  • 1 лажиче шеќер
  • 1 лажиче сол
  • 1 кисела павлака
  • 100 мл. масло
  • 200 мл. млеко
  • 700 гр. брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 1 јајце и сусам

Подготовка:

  1. Се загрева млекото да биде млако и се става шеќер со квасец и се меша да се активира.
  2. Се става брашно во сад и се става сол и прашок за пециво и се меси со рака, па се додава павлаката и млекото.
  3. Се става и маслото и се меси со рака.
  4. Се става на работната тестото и се дели на два дела, се развлекува секој и се вадат 16 делови од еден.
  5. Се става ако сакате фил по избор, па се витка кифличка и се редат на тепсија со хартија за печење.
  6. Се премачкуваат со јајце и се става сусам.
  7. Се печат на загреана рерна на 200 степени додека не поруменат околу 15 минути.

Добар апетит!

 

 

singlepost_text