Пилешко во сланина – фантастичен вкус (Видео)

Пилешко во сланина – фантастичен вкус (Видео)

Вкусно пилешко месо во крцкава сланина…

Состојки:

  • 1 пар пилешки гради
  • 200 гр сланина тенко исечкана
  • сол
  • бибер
  • кари
  • лук
  • црвена пипер
  • лута пипер

Начин на подготовка:

  1. Пилешкото исечкајте го по должина на крупни стапчиња, посолете, побиберете, додајте кари, пипер, лук и измешајте. 
  2. На даска наредете тенки листови сланина, па на нив ставете исечкано месо и свиткајте. 
  3. Редете во плех. Можете да додадете и компир во кој сте додале малку зачини, сусам, бибер, пипер и на крај масло и сѐ добро измешајте. Компирите ставете ги помеѓу месото. 
  4. Печете на 200 степени околу 40 минути убаво да порумени.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“: