Јогурт уштипци: Воздушесто тесто за вкусен доручек (Видео)

Јогурт уштипци: Воздушесто тесто за вкусен доручек (Видео)

Кога еднаш ќе ги пробате секогаш ќе ги правите…

Состојки:

  • 550 гр брашно
  • 1 јајце
  • 10 гр свеж квасец
  • 200 мл јогурт на собна температура
  • 100 мл млако млеко
  • 50 мл масло
  • 1 лажичка сенф
  • 2 лажички сол

Начин на подготовка:

  1. Растопете квасец во млеко. Додајте јајце, масло, сол, шеќер, јогурт и брашно и замесете тесто. 
  2. Оставете го тестото на собна температура додека не се дуплира. Тестото не треба да биде меко. 
  3. Развлечете го тестото на работна површина, па со чаша вадете уштипци. Покријте ги со крпа и оставете ги покриени 5-6 минути. 
  4. Загрејте масло во тава па пржете ги уштипците додека не добијат златна боја.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Саби“:

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

singlepost_text