Пилешко и печурки во лиснато тесто

Пилешко и печурки во лиснато тесто

Вкусно и брзо јадење!

Состојки:

  • 500 гр лиснато тесто
  • 500 гр пилешко филе
  • 400 гр печурки
  • 200 мл кисела павлака
  • 2 јајца
  • сол
  • бибер
  • зачин
  • мајчина душица
  • 50 гр гауда

Начин на подготовка:

  1. Пилешкото исечкајте го на поголеми парчиња, зачинете. На маслиново масло пропржете ги од сите страни. Така издинстајте ги и печурките заедно со кромид и зачинете. 
  2. Развлечете две лиснати теста, наредете едно преку друго во тепсија, отсечете го вишокот кој преминува преку рабовите. 
  3. Филувајте прво со печурки, потоа наредете пилешко и на врв остатокот од печурките. Измешајте јајца и павлака и прелијте преку филот. Од горе изрендајте гауда. 
  4. Запечете на 180 степени 40 минути.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text