Ќе замириса цела куќа: Воздушести мафини со вишни и ванила

Ќе замириса цела куќа: Воздушести мафини со вишни и ванила

Феноменален колач кој секогаш брзо се јаде!

Состојки:

  • 3 јајца
  • 6 лажици шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 1,5 дл масло
  • 1,5 дл млеко
  • 1/2 лажичка млеко
  • 1/2 лажичка прашок за печиво
  • малку сол
  • 8 лажици брашно
  • 200 гр вишни
  • калап за мафини

Начин на подготовка:

  1. Вклучете ја рерната да се загрева на 220 степени. Јајцата со шеќер добро разматете ги па додајте ванила. Потоа додајте и масло, млеко, брашно, прашок за печиво, сол и разматете заедно. 
  2. Намастете калап или наредете хартиени корпички. Ставете ја смесата да не бидат калапите полни, бидејќи ќе нараснат. На секој мафин ставајте 3-4 вишни. 
  3. Печете додека не поруменат околу 20 минути. Извадете ги од калап и посипете ги со шеќер во прав.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text