Мек колач со гриз и вишни од компот

Мек колач со гриз и вишни од компот

Колач со вишни – брз и лесен, а многу сочен и вкусен.

Состојки:

  • 5 јајца
  • 10 лажици шеќер
  • 150 гр растопен маргарин
  • 10 лажици мед
  • 150 гр брашно
  • 150 гр гриз
  • 1 прашок за печиво
  • 1 тегла компот од вишни (може и свежи од замрзнувач)

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца, постепено додајте шеќер и продолжете со матење додека јајца не станат светли. Потоа додајте ги останатите состојки, измешајте и половина од тестото и ставете во подготвена тепсија. Печете околу 10 минути, не подолго, па наредете вишни и остатокот од тестото. Вратете во рерна да се допече, од прилика уште 15 минути. 
  2. Прелијте го врелиот колач со зготвен сок од вишни од теглата. Посипете со шеќер во прав или шлаг и уживајте во вкусниот колач.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

singlepost_text