Рај за непцата: Еве во што е тајната на совршено похован леб

Рај за непцата: Еве во што е тајната на совршено похован леб

Овој рецепт ќе ве воодушеви и сигурни сме дека секогаш ќе го правите!

Состојки за путер со ванила:

  • 100 гр путер
  • 50 мл мед
  • 60 гр шеќер во прав
  • 1 лажичка цимет
  • 1/2 лажичка сол
  • 1/2 стапче ванила

Состојки за похован леб:

  • 4 јајца
  • 250 мл млеко
  • 2 лажици кафеав шеќер
  • 1 лажичка цимет
  • прстофат сол
  • 30 мл виски
  • кора од 1 портокал
  • леб
  • 2 лажици подготвен путер

Начин на подготовка:

  1. Со миксер кратко разматете ги сите состојки за путер. Префрлете на хартија за печење, формирајте долга ролна и свиткајте во хартија. Ставете во фрижидер на најмалку два часа. 
  2. Разматете јајца со млеко, кафеав шеќер, цимет, сол, виски и кора од портокал. Потопете ги парчињата леб во мешавината. 
  3. Загрејте голема тава, растопете две лажици подготвен путер и печете го лебот по две минути од секоја страна. Готов е кога ќе добие златна боја.

Добар апетит!