Вечера од калап: Брзи и сочни пица мафини

Вечера од калап: Брзи и сочни пица мафини

Идеални кога сакате брз оброк…

Состојки за тесто:

  • 300 гр брашно
  • 180 мл млака вода
  • 1 кесичка сув квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажичка брашно
  • 2 лажици топло млеко
  • 1/2 лажичка сол
  • 2 лажици масло

Состојки за фил:

  • 200 мл доматен сок
  • 300 гр моцарела
  • 50 гр пармезан
  • 1 лажичка оригано
  • прстофат сол
  • 1 лажица масло
  • 150 гр пршута или шунка Пекабеско

Начин на подготовка:

  1. Квасецот растворете го во топло млеко со шеќер и лажичка брашно и оставете го да надојде. Во вангла измешајте брашно, сол и масло, па додајте надојден квасец и вода. Замесете глатко тесто, премачкајте го со масло, покријте со крпа и оставете го да отстои најмалку 30 минути. 
  2. За филот измешајте сок од домати, масло, сол и оригано. Моцарелата издробете ја и измешајте ја со претходната смеса и додајте ситно сечкана пршута или шунка.
  3. Растегнете го тестото, па со чаша вадете кругови во склад со вашите калапи за мафини. Калапот намастете го, па префрлете ги топчињата тесто во калапи и преку ставајте фил. Од горе посипете рендан пармезан, па печете на 200 степени 15-20 минути.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text