Зелка салата со кикирики

Зелка салата со кикирики

Вкусна и здрава салата…

Состојки:

  • 150 гр зелка
  • 1 црвена пиперка
  • 1 жолта пиперка
  • 1 краставица
  • 2 лажици сусамово масло
  • 2 лути пиперчиња
  • 4 лажици соја сос
  • 4 лажици мед
  • 4 лажици пржени кикирики
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Изренданата зелка и исечкани пиперки кратко пропржете ги на врело масло. Внимавајте зелката и пиперките да не потемнат. 
  2. Од соја сос, ситно сечкани лути пиперчиња, мед, сол и бибер направете сос за салата и со него прелијте ја изладената зелка, пиперки и краставички. На крај посипете со кикирики. Изладете во фрижидер и послужете.

Добар апетит!