Два вида мафини од една смеса – Пица залаци со неодолива арома

Два вида мафини од една смеса – Пица залаци со неодолива арома

Направете солени и деликатесни пица мафини.

Состојки:

  • 700 гр. брашно
  • 250 мл. млеко
  • 250 мл. вода
  • 100 мл. масло
  • 20 гр. квасец
  • 2 лажички сол
  • 2 лажички шеќер
  • 1 лажица маст
  • 1 јајце

Подготовка:

  1. Се меси тесто од сите состојки и се остава 15 минути.
  2. Се дели на два дела и се развлекува кора, се вадат кругови.
  3. Се става секој круг во подмачкан калап за мафини, па се вадат по пет мали кругови со чаша и се ставаат по пет во еден калап за мафини, но во друг плех.
  4. Се става по желба кечап, печурки, оригано, шунка, кашкавал, маслинки и се пече на 200 степени додека не поруменат.
  5. Вака имате два вида мафини.

Добар апетит!

 

 

singlepost_text