Направете крофни од рерна.
Состојки:
- 40 гр. квасец
- 900 гр. брашно
- 4 јајца
- 300 мл. јогурт
- 200 мл. вода
- 150 гр. шеќер
- 150 гр. шеќер за валкање
- 150 гр. маргарин
- 100 гр. маргарин за премачкување
Подготовка:
- Се рони квасецот во млака вода и се става лажица шеќер.
- Се става во сад брашно со јогурт и јајца, останатиот шеќер и растопен маргарин и квасецот па се прави тесто.
- Се остава еден час.
- Се развлекува и премесува со брашно, се вадат крофни со чаша и се редат на плех со маргаринот за премачкување.
- Се оставаат 15 минути и се печат на 180 степени додека не поруменат.
- Се валкаат во шеќер.
Уживајте!
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега