Деликатес на денот: Солени шубари

Деликатес на денот: Солени шубари

Направете солени шубари, нешто специјално вкусно.

Состојки:

  • 4 јајца
  • 12 лажици брашно
  • 2 дл. јогурт
  • 1 прашок за пециво
  • 1 лажиче сол
  • 1 мала шолја масло
  • 1 изрендан морков
  • малку магдонос

Фил:

 

  • 250 гр. крем сирење
  • 50 гр. шунка
  • 50 гр. печеница
  • 1 варено јајце

Премачкување:

  • 1 дл. павлака
  • 12 лажички мајонез
  • 150 гр. рендан кашкавал
  • 1 варено јајце

Подготовка:

  1. Се матат за кора јајца со сол и јогурт, масло и брашно измешано со прашок за пециво и рендан морков, со магдонос.
  2. Се става во плех со хартија и се пече кора на 200 степени 20 минути.
  3. Се вадат 24 кругови кога ќе се излади.
  4. Се соединуваат крем сирењето за фил со сечени шунка и печеница и изрендано јајце.
  5. Со овој фил се спојуваат два круга.
  6. Потоа, се премачкуваат горе со павлака, па се става рендан кашкавал, мајонез и изрендано варено јајце.
  7. Може да си премачкате и по желба.
  8. Добар апетит!

 

 

 

 

 

singlepost_text