Ако немате многу време, имате обврски, работа, семејство и сте растргнати меѓу нив, ова е брз ручек за вас.
Состојки:
- 2 пилешки филеа
- 200 гр. кашкавал300 гр. сувомеснато
- 1 павлака
- 2 јајца
- 3 чешни лук
- 5 лажици сенф
Подготовка:
- Се обработува пилешкото се става сол и се реди на подначкана тава.
- Се става сенф горе и убаво се премачкува.
- Се трие месото и со лук.
- Се ренда кашкавал и се става сувомеснато, па сенф, па кашкавал ама сега во листови.
- Се матат јајца и павлака и се става горе.
- Се пече половина час на 200 степени.