Кокос триаголници – Брзи ситни колачи

Кокос триаголници – Брзи ситни колачи

Направете бели и вкусни кокос триаголници.

Состојки:

  • 50 мл. вода
  • 200 гр. шеќер
  • 200 гр. млеко во прав
  • 125 гр. маргарин
  • 50 гр. бело чоколадо
  • 100 гр. кокос
  • 50 гр. бело чоколадо за горе
  • 2 лажици млеко

Подготовка:

  1. Се мешаат вода со шеќер на оган и се остава да врие три минути, па се додава маргарин и се меша да се стопи.
  2. Се става и белото чоколадо и се трга од рингла, со мешање за да се стопи убаво.
  3. Се става млеко во прав и се мати со миксер две минути.
  4. Се додава кокос, се меша.
  5. Се става во калап за триаголници и се стега, па се става потоа горе глазура од бело чоколадо растопено со млеко.
  6. Се лади и служи.

singlepost_text