Чорба со компири

Чорба со компири

Вкусна чорба со компири и пилешки батаци…

Состојки:

  • 2 пилешки батаци
  • 1 главица кромид
  • 60 гр морков
  • 1 лажица доматно пире
  • црвена мелена пипер
  • 2 големи компири
  • 65 гр ориз
  • 2 лажички смеса за гулаш
  • зачин
  • магдонос
  • 5 лажици маслиново масло
  • 1,2 л супа во која се готвело пилешкото

Начин на подготовка:

  1. Пилешкото ставете го во голем сад, налијте со вода, додајте зачин, црвена пипер и ставете да се готви 20-25 минути. 
  2. Пилешкото извадете го, измијте го, отстранете ја кожата, месото исечкајте го на ситни парчиња и оставете го на страна, а супата сочувајте ја. 
  3. Во поголем сад загрејте масло и пропржете кромид заедно со доматно пире и морков, додајте месо и компири, па мешајќи малку запржете, додавајќи по потреба малку супа. Крчкајте неколку минути, внимавајќи да има доволно течност. По 10 минути додајте ориз, смеса за гулаш и налијте супа, намалете го огнот и гответе додека не омекне.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

singlepost_text