Султанки со мармалад –  преку 40 колачи од една смеса, стојат една недела

Султанки со мармалад –  преку 40 колачи од една смеса, стојат една недела

Направете вкусни колачиња со мармалад.

Состојки:

  • 250 гр. брашно
  • 125 гр. маргарин
  • 2 жолчки
  • малку сол и сода бикарбона
  • 1 кесе ванилин шеќер
  • 1 лажиче шеќер
  • 2 лажици павлака
  • 2 белки за премачкување
  • 300 гр. шеќер
  • 100 гр. мармалад од портокал
  • 50 гр. маргарин

Подготовка:

  1. Се мешаат брашното со сол и шеќер и ванилин шеќер, се ставаат жолчки и кисела павлака и се меси тесто со рацете.
  2. Се развлекува на подбрашнета површина и се вадат со мала шолја кругови.
  3. Остатокот од тестото замесете го пак и од него извадете кругови за да го искористите целиот материјал.
  4. Ќе добиете преку 80 кругови.
  5. Се премачкуваат две тепсии со маргарин и се става хартија за печење премачкана со маргарин.
  6. Се ставаат круговите.
  7. Се мешаат белки со малку сол и се матат со миксер, се додава шеќер и се мати десетина минути.
  8. Се вади со мало лажиче и се става од смесата на секој круг, а ако малку ви се разлие и надвор не грижете се , се суши при печењето.
  9. Се печат на 110 степени пет минути, па на 80 степени се сушат уште час и половина.
  10. Се премачкуваат топли со мармалад и се преклопуваат со друг круг.
  11. МОже да си ставите шеќер во прав.
  12. Вака се добиваат повеќе од 40 колачи.

Уживајте!

singlepost_text