Десерт на денот: Мињон торта

Десерт на денот: Мињон торта

Направете вкусна мињон торта.

Состојки:

  • 12 јајца
  • 600 гр. шеќер
  • 150 гр. мелени ореви
  • 150 гр. мелени бадеми
  • 150 гр. мелени лешници
  • 1 шолја мала млеко
  • 3 лажици брашно
  • 1 ванилин шеќер
  • 250 гр. путер
  • 50 гр. црно чоколадо

Глазура:

  • 100 гр. црно чоколадо
  • 100 гр. бело чоколадо
  • 6 лажици масло

Подготовка:

  1. Се матат 4 белки за првата кора во снег, па се додава 120 грама шеќер и 150 грама мелени ореви и лажица брашно.
  2. Се пече на плех подмачкан со масло и хартија за печење на 180 степени 20 минути.
  3. Се прави втора кора со исто само место ореви, лешници.
  4. Третата кора е со исти мерки, само место ореви и лешници, бадеми.
  5. За фил се матат 12 жолчки на пареа со 240 грама шеќер, млеко и ванилин шеќер.
  6. Се вари да се згусне.
  7. Се лади и се додава и путерот.
  8. Се дели филот на два дела и во едниот се става црно чоколадо 50 грама.
  9. Се филуваат корите со темниот и светлиот фил, па се преливаат со бело и црно чоколадо наизменично тортата горе.

 

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

 

singlepost_text