Брз и евтин оброк: Печени пиперки полнети со сирење

Брз и евтин оброк: Печени пиперки полнети со сирење

Вкусни полнети пиперки кои ќе ги обожавате!

Состојки:

  • 5 печени црвени пиперки
  • 2 јајца
  • 150 гр сирење
  • малку брашно
  • масло или маст за пржење

Начин на подготовка:

  1. Разматете со вилушка две јајца и соединете ги со издробено сирење. Печените пиперки излупете ги и богато наполнете ги со смеса од сирење и јајца. 
  2. Внимателно извалкајте ги пиперките во брашно. Пржете ги во тава на загреано масло или маст на умерен оган – десетина минути од една и десетина минути од друга страна, убаво да порумени. 
  3. Најубави се додека се топли, со шолја кефир, јогурт или кисело млеко.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text