Сочно и вкусно пилешко во сос од ајвар

Сочно и вкусно пилешко во сос од ајвар

Сочно месо кое се топи во уста…

Состојки:

  • 3 парчиња пилешки гради без кожа и коски
  • 1,5 лажичка сол
  • 1 лажичка лук во прав
  • 1 лажичка италијански зачин
  • 1/4 лажичка бибер
  • 1/4 лажичка чили
  • 1 лажичка слатка црвена пипер
  • 1/2 шолја маслиново масло

Состојки за сос:

  • 2 шолји лут ајвар
  • 1,5 шолја павлака за готвење
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Пилешкото исечкајте го на ленти и измешајте го со сите наведени зачини и половина од маслото. Оставете да отстои во фрижидер најмалку еден час, а може и преку ноќ. 
  2. Пилешкото пржете го на загреано масло околу 4-5 минути од секоја стана или додека фино не порумени. Оставете на страна. 
  3. На маслото во кое се пржело пилешкото додајте ајвар и сол и малку пропржете. Потоа додајте павлака за готвење и гответе на слаб оган. Готовиот сос прелијте го преку пилешкото. 
  4. Послужете со компир пире или ориз.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо