Веге рум топчиња

Веге рум топчиња

Вегетаријански десерт кој ќе ве освои!

Состојки:

  • 1,5 шолја урми
  • 1/2 шолја индиски ореви
  • 1/2 шолја ореви
  • 1/2 шолја лешници
  • 2 лажички рум
  • 1 лажичка ванила
  • 1 шолја кокосово брашно
  • 50 гр темно чоколадо

Начин на подготовка:

  1. Во блендер ставете урми, индиски ореви, лешници, ореви, рум и ванила и сомелете грубо. Додајте растопено чоколадо и изблендирајте уште малку додека убаво не се спои и претвори во компактна смеса. На крај измешајте кокосово брашно. 
  2. Изработете топчиња и по желба извалкајте ги во кокосово брашно. Ставете во фрижидер на час пред послужување.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text