Едноставен пудинг од грозје

Едноставен пудинг од грозје

Домашен пудинг од грозје…

Состојки:

  • 1 кг црвено грозје
  • 120 мл вода
  • 70 гр брашно
  • 100 гр кристал шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер

Начин на подготовка:

  1. Грозјето измијте го, исчистете го и ставете го на кратко да се готви, а потоа поклопете го тенџерето и гответе уште 2-3 минути. Ставете преку вода и со повремено мешање, гответе 15 минути. Кога е готово, испасирајте го, односно исцедете го сокот од него. 
  2. Измешајте брашно, ванилин и кристал шеќер, па тоа додајте го во сокот од грозје. Добро измешајте, потоа низ цедилка процедете ја смесата и повторно ставете ја во тенџерето во кое се готвело грозјето. Гответе додека не згусне. 
  3. Готовиот пудинг ставете го во садови, секој прекријте го со проѕирна фолија и ставете во фрижидер. Послужете после еден час.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text