Чорба од цвекло: Оброк кој ја поправа крвната слика и имунитетот, го храни целото тело

Чорба од цвекло: Оброк кој ја поправа крвната слика и имунитетот, го храни целото тело

Подгответе здрав оброк за целото семејство!

Состојки:

  • 3 главици цвекло
  • 1 компир со средна големина
  • 1 морков
  • 1 праз или кромид
  • малку пилешка супа
  • 1/4 лажичка лук во прав
  • сол
  • 1 лажичка бел бибер
  • маслиново масло
  • малку кисела павлака за послужување

Начин на подготовка:

  1. Празот или кромидот добро измијте го и исчистете го, па исечкајте го. Морковот измијте го, исчистете го и изрендајте го. Во загреана тава ставете малку маслиново масло и пропржете праз и морков. 
  2. Цвеклото и компирот добро измијте ги и ставете ги да се готват во лушпа. Зготвени излупете ги и исечкајте ги на коцки, додајте праз и морков, измешајте, па ставете во блендер. Додајте лук во прав, бибер, сол и бистра пилешка супа. Измиксајте и послужете со кисела павлака.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text