Макарони со пилешко по оригинален италијански рецепт

Макарони со пилешко по оригинален италијански рецепт

Ова не е само паста, туку единствени макарони со сочно пилешко, баш како што ги подготвуваат во Наполи.

Состојки:

  • 500 гр макарони
  • 400 гр пилешко месо
  • 1 лажица масло
  • 50 гр путер
  • 100 мл бело вино
  • 2 лажици доматно пире
  • 1 главица кромид
  • 60 гр кашкавал
  • 1 струк целер
  • 1 морков
  • магдонос
  • 1 ловоров лист
  • 2 прстофати сол
  • 1/4 лажичка бибер

Начин на подготовка:

  1. Макароните згответе ги во посолена вода и исцедете ги. Ставете ги во плех и измешајте ги со путер. Морковите, целерот и кромидот ситно исечкајте ги и динстајте ги на загреано масло.
  2. Додајте ситно сечкано пилешко филе и прелијте со половина шолја вода во која сте раствориле доматно пире и вино. Посипете со бибер, ставете ловоров лист и оставете на тивок оган додека течноста не испари.
  3. Префрлете во макароните и посипете со рендан кашкавал. Измешајте добро и печете во рерна на 220 степени 25 минути. Кога ќе ги извадите посипете со магдонос и сервирајте.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бонапети“:

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

singlepost_text