Ново омилено јадење: Пилешко во крем сос

Ново омилено јадење: Пилешко во крем сос

Ручек кој брзо и лесно се подготвува!

Состојки:

  • 500 гр пилешки гради
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 100 гр путер
  • 200 мл павлака за готвење
  • 200 мл милерам
  • 1/2 лимон
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Кромидот ситно исечкајте го, па издинстајте го на путер додека не омекне. Додајте ситно сечкан лук и уште кратко продинстајте. 
  2. Додајте павлака за готвење и милерам, па оставете да зоврие. 
  3. Пилешкото исечкајте го на коцки и кратко пропржете го. Прелијте со сос и посипете со малку лимон.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

singlepost_text