Деликатес на денот: Полнети печурки со лук, спанаќ и пармезан (Видео)

Деликатес на денот: Полнети печурки со лук, спанаќ и пармезан (Видео)

Ако сакате шампињони, ова јадење ќе го обожавате.

Состојки:

  • 20 шампињони
  • 2 чешни лук
  • 4 шолји спанаќ
  • 220 гр. крем сирење
  • сол и бибер
  • ¼ шолји пармезан
  • ¼ шолји презла

Подготовка:

  1. Се мијат печурките им се двојат дршките.
  2. Се редат на намастен плех и се сечат ситно дршките, се пржат на масло со лук, спанаќ, крем сирење, сол и бибер.
  3. Се пржи убаво и се полнат печурките, па се става презла и пармезан и се печат на 190 степени 15 минути.