Неодолив вкус на портокал…
Состојки:
- кори од 6 портокали
- 300 гр мелени бисквити
- 300 гр шеќер
- 150 гр суво грозје
- 2 кесички шлаг за украсување
Начин на подготовка:
- Корите од портокал ставете ги во студена вода неколку часа. Потоа налијте свежа вода па гответе ги додека не омекнат.
- Изладените кори сомелете ги на машина за месо па измешајте ги со мелени бисквити, шеќер и суво грозје кое стоело во топлата вода во која се готвеле корите од портокал.
- Масата обликувајте ја со раце и премачкајте со шлаг. До послужување тортата чувајте ја во фрижидер.
Уживајте!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути