Сјаен десерт: Прелиен колач без брашно (Видео)

Сјаен десерт: Прелиен колач без брашно (Видео)

Овој десерт ќе го обожавате, едноставен е и не содржи брашно.

Состојки:

  • 3 јајца
  • 100 гр шеќер
  • 1 мала шолја млеко (шолја од 100 гр)
  • 1 мала шолја гриз
  • 1 мала шолја масло
  • 100 гр мелени бисквити
  • 100 гр мелени ореви
  • 1 лажица какао
  • 1 прашок за печиво
  • кора од портокал
  • 1 ванилин шеќер

Состојки за прелив:

  • 200 гр шеќер
  • 200 мл вода
  • сок од 1 портокал

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца со шеќер, додајте млеко, гриз, масло, бисквити, мелени ореви, какао, просеан прашок за печиво, кора од портокал и ванилин шеќер. 
  2. Сè добро изедначете и разлејте во намастен плех. 
  3. Од горе посипете со малку сечкани ореви. Печете на 200 степени околу 35 минути. 
  4. Во тенџере ставете шеќер, налијте вода и додајте сок од портокал и гответе околу 5 минути. 
  5. Врелиот печен колач исечете го на коцки и прелијте го. Оставете да се излади и впие.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text