Штедливи рецепти: Направете 3 ручеци од килограм месо

Штедливи рецепти: Направете 3 ручеци од килограм месо

Иако мислите дека тоа е невозможно, просечната македонска домаќинка знае од килограм месо да направи чуда…

Еве предлог како од килограм месо да направите 3 ручеци!

Рецептот за фаширани шницли од прилика оди вака:

Земете килограм месо и половина одвојте и оставете го на страна. Во другата половина додајте 1 јајце, ситно сечкан кромид, две чешниња лук, две парчиња леб (потопете го во млеко, процедете па издробете ги во месото), сол и бибер.

Смесата добро измешајте ја па правете топчиња. Готовите топчиња развлечете ги на кујнска фолија во шницли па наредете ги на тацна и ставете ги во фрижидер да смрзнат. По потреба вадете ги заледените шницли од замрзнувач и пржете ги на тава.

Другата половина од месото повторно поделете ја на два дела. Во едниот дел додајте 2 главици кромид, 2 компири па направете пита со месо (готовите кори пропрскајте ги со кисела вода и масло па додајте направен фил. Кога убаво ќе ги свиткате, ставете ги во плех и печете ги на 200 степени околу половина час).

А оној остаток од месото искористете го за шпагети болоњезе (додајте уште и кромид, морков и доматен сос) и ете ви готов ручек.

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

singlepost_text