Погачици со сирење

Погачици со сирење

Брзи и вкусни погачици со сирење.

Состојки:

  • 500 гр брашно
  • 500 гр сирење
  • 250 гр путер
  • 1 жолчка
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 1 лажичка сол
  • 1 белка
  • печен сусам за посипување

Начин на подготовка:

  1. Сите состојки освен белките и сусамот соединете ги, замесете глатко тесто и оставете го во фрижидер два часа. Потоа тестото премесете го на работна површина која сте ја посипиле со брашно. Развлечете тесто на дебелина од еден прст и со чаша вадете кругови. 
  2. Круговите наредете ги на хартија за печење, премачкајте со белка и посипете со сусам. Печете 20 минути на 200 степени во загреана рерна. Печените погачици прекријте ги со сува крпа и оставете ги 10-15 минути да се изладат.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

singlepost_text