Сите зборуваат за овој десерт: Едноставна торта од банани и бисквити

Сите зборуваат за овој десерт: Едноставна торта од банани и бисквити

Едноставна и вкусна торта, еден од најсподелуваните рецепти на Фејсбук.

Состојки:

  • 450 гр мелени бисквити
  • 250 гр мелени ореви
  • 1,5 кг банани
  • 4 жолчки
  • 250 гр шеќер во прав
  • 250 гр путер
  • 100 гр чоколадо за готвење
  • 3 дл слатка павлака
  • 3 дл сок од портокал
  • сок од еден лимон

Начин на подготовка:

  1. Мелените бисквити прелијте ги со сок од портокал и добро измешајте. Посебно разматете путер, шеќер во прав и жолчки. Додајте натопени бисквити, мелени ореви и мешајте додека не добиете компактна смеса. 
  2. Подготвената смеса поделете ја на два дела. Во калап за торта обложен со фолија распоредете половина од филот од бисквити. Бананите пропрскајте ги со сок од лимон и наредете ги преку филот. 
  3. Во другиот дел од филот од бисквити додајте растопено чоколадо и добро измешајте.Потоа распоредете преку бананите и израмнете. Слатката павлака разматете ја во цврст шлаг и премачкајте ја тортата. 
  4. Готовата торта ставете ја во фрижидер да стегне, а потоа извадете ја од калапот.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text