Царица на питите: Пита со мелено месо и кисела зелка

Царица на питите: Пита со мелено месо и кисела зелка

Направете вкусна пита со мелено месо и кисела зелка.

Состојки:

  • 500 гр. кори за пита
  • 300 гр. мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 600 гр. кисела зелка
  • 1 лажиче црвен пипер
  • сол и бибер, магдонос
  • 2 јајца
  • 150 гр. мајонез
  • 2 дл. јогурт
  • 8 лажици брашно
  • 1 прашок за пециво
  • ½ лажички сол
  • масло

Подготовка:

  1. Се спрема фил со тоа што се сече киселата зелка, а на три лажици масло се става една главица кромид сечена.
  2. Се пржи и се додава зелката, зачини и исечена пиперка, па се додава и вода за зелката да омекне.
  3. На една лажица масло се пржи меленото месо со зачини и магдонос.
  4. Се додава и меленото месо во зелката кога водата ќе испари.
  5. Се прави смеса за премачкување на корите. Се матат две јајца со мајонез и јогурт, брашно и прашок за пециво со сол.

Добар апетит!

 

 

singlepost_text