Фина крцкава пита со ориз и суво грозје (Видео)

Фина крцкава пита со ориз и суво грозје (Видео)

Фина крцкава пита…

Состојки:

  • 1/2 кг тенки кори
  • 200 гр ориз
  • 100 гр суво грозје
  • 100 гр суви кајсии или било кое суво овошје
  • 150 гр шеќер
  • цимет
  • 1 ванилин шеќер
  • малку шеќер во прав
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Оризот добро измијте го и налијте го со малку вода да се готви, па кога ќе зоврие налијте млеко додајте шеќер и гответе околу 20 минути да зоврие млекото, додајте суво грозје и суви сечкани кајсии, цимет и измешајте. 
  2. Раширете кора па малку премачкајте со масло и додајте 2 лажици готвен ориз и развлечете по цела кора. 
  3. Свиткајте ги краевите и свиткајте во ролна. Првата ролна свиткајте ја во круг и ставете на средина. Така и со останатите кори. 
  4. Повторно малку намастете ги сите ролни и печете на 200 степени околу 30 минути убаво да порумени. 
  5. Посипете со шеќер и ванилин шеќер. Сечете кога ќе се излади.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text